Skip to main content

Posts

Featured

Змија

Змија (науч. Serpentes) — безножно животно со долго, совитливо тело прекриено со лушпи кои се ќерамидесто наредени на него. Змиите спаѓаат во групата на влекачите. Се мисли дека змиите еволуирале од гуштерите, со кои делат многу заеднички карактеристики, а особено со т.н. безножни гуштери, кои имаат ситни и речиси незабележливи екстремитети. Но, за разлика од гуштерите, змиите имаат тенок расечен јазик, а кај нив отсуствува надворешно уво. Исто така, додека повеќето од гуштерите имаат подвижни очни капачиња кои периодично се затвораат за да ги заштитат и подмачкаат очите, змиите секогаш ги држат отворени своите очи кои се заштитени со мигателна ципа (неподвижна, проѕирна лушпа). Змијата целосно ја проголтува својата храна - оваа змија вари јајце. Како и сите влекачи, змиите се ладнокрвни (ектотермни), што значи дека не можат да произведат своја телесна топлина. Затоа, тие зависат од Сонцето за да ја регулираат телесната температура. Бидејќи метаболизмот не игра улога при терм...

Latest Posts